Њукасл остана без менаџер по заминувањето на  Рафа Бенитез, медиумите во Англија шпекулираа дека Жозе Мурињо ќе биде негов наследник .

Одговорот од „специјалниот“  го добија експресно брзо , португалецот не сака да чуе за Њукасл кој нема  големи амбиции во новата сезона.

„Единствено што знам во моментов е тоа што не го сакам. Многу сум тврдоглав, секогаш сакам да играм на победа, па ако ме победите , тоа е мој проблем, на клубот  и играчите. Њукасл не може да биде над седмата позиција на табелата, тоа не еклуб за мене“ – изјави Мурињо.