Управата на Рома се обидува да го убеди Заниоло дека сеуште не е време за тој да направи транфер во некој од големите клубови кои го бараат од Европа, но играчот има поинаков план, пренесуваат медиумите од Англија и Италија.

Тотенхем и Манчестер Јунајтед долго време го следеле развојот на Заиноло па Мурињо и Солскјер дале зелено светло за преговори. Ова значи дека сегашниот тренер на „Црвените Ѓаволи“ оди во директен дуел за Заниоло со неговиот прехдоник на клупата на „Олд Трафорд“.

Заниоло во дресот на Рома досега постигна 12 голови и 5 асистенции на вкупно 60 натпревари во сите конкуренции. Важи за еден од најдобрите млади офанзивци во Серија А а на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра.