Жозе Мурињо на прес конфренеција одговараше на многу новинарски прашања, едно од нив беше наменето за евентуалното доаѓање на Златан Ибрахимовиќ.

Португалецот ја отфрли можноста Швеѓанецот да го засили Тотенхем, причината е едноставна.

„Тој е извонреден играч , неверојатен, но ќе кажам, нема шанси да го засили Тотенхем, тоа е така бидејќи ние го имаме Хари Кејн“  – изјави Мурињо.

Со ова завршија шпекулациите дека Ибрахимовиќ може да го ззасили Тотенхем, станува поизвесно дека Швеѓанецот ќе одбере некоја од понудите од Италија.