Жозе Мурињо смета дека најголемиот дел од играчите во Премиерлигата се себични, мислат само на себе, не и навивачите кои сакаат фудбал.

Португалецот им порача дека не треба да се плашат од коронавирусот и повредите, ова е време кога треба и нешто да се даде.

„Не треба да се биде себичен, не треба да се бараат изговoри и да се бара премногу, време е да се даде нешто, не само да се има барања. Играчите се плашат од повреди, тоа е ризик кој секогаш постои, ако се применуваат протоколите, ќе нема проблем и со коронавирусот,време е за фудбал, време да им го дадеме на луѓето тоа што го сакаат“ – изјави Мурињо.

Премиерлигата се враќа на средината од овој месец.