Тренерот на Рома, Жозе Мурињо откако реши да ги избегне новинарските прашања по поразот од Интер, прифати дека згреши па реши да се извинува и да објаснува.

„Им се извинувам на сите затоа што сигурно ќе имаше интересни прашања. Интер е посилен тим од Рома и во нормални услови, а сега се уште посилни затоа што нас ни недостигаа многу повредени и суспендирани фудбалери. Минатата сезона беа 29 пред Рома. Нашиот напаѓачки потенцијал беше практично уништен, важно беше да постигнеме гол но не искористивме ни една шанса.“ – вели Мурињо.

Рома по поразот од Интер остана на петото место на табелата во Серија А, кое може да го загуби по денешните пресметки во Серија А.