Жозе Мурињо дефинитивно нема среќа по превземањето на Тотенхем, откако прво остана без својот најдобар фудбалер Хари Кејн, а пред неколку дена го загуби и Хјонг Мин Сон.

Овие повреди, го оневозможуваат Португалецот да бележи подобри резултати. Првиот меч од осминфиналето од Лигата на шампиони, Тотенхем беше   непријатно изненаден од Лајпциг кој славеше со 0-1.

Според,  Жозе најголем подвиг во неговата кариера ќе биде доколку оваа сезона ја заврши како четвртопласиран на табелата.

„Дали топ четири пласман ќе биде мојот најголем подвиг? Во овие услови, дефинитивно да. Сони и Хари даваат најголем дел од головите за Тотенхем. Ако успееме да завршиме четврти без нив двајца, тоа ќе биде нешто неверојатно од овие момци. Мора да дадеме се што имаме, а потоа ќе видиме каде ќе не однесе патот“ – изјави Мурињо.