Жозе Мурињо го превзеде Тотенхем кој е во незавидна ситуација на табелата во Премиерлигата, има задача да го извлече од долниот дел.

Португалецот има голем предизвик, да обезбеди место со Тотенехем во Лигата на шампионите следната сезона, значи мора да заврши на едно од првите четири места на табелата.

Во досегашната историја на Премиерлигата, ниту еден клуб кој имал  14 бода  по 12 одиграни средби  не успеал да заврши на една од првите четири позиции на крајот од сезоната.

Мурињо има тешка задача и ако успее во тоа ќе биде првиот тренер кој остварил ваков резултат во Англија, ќе испише историја.