Сезонава резултатите за Тотенхем како во Премиерлигата, така и на почетокот од ЛШ, не се баш најдобри, а фановите на овој клуб стравуваат дека ќе го загубат наскоро тренерот Покетино.

По убедливиот пораз во ЛШ од Баерн Минхен (2:7), во Англија почнаа обложувалниците да нудат опција за обложување кога тоа ќе замине Покетино, што скоро сигурно навестува негово заминување.

Според нив најсериозни кандидати за нов предводник на Спарс , се Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.

Ќе биде интересно да се следи оваа ситуација бидејки Жозе Мурињо нема многу симпатии во клубот од Лондон, пред се поради тоа што беше тренер на Челси.