Рома го совлада Удинезе со 1-0, и со новите три бода сега е на четвртото место со 12 бода, има три помалку од лидерот Наполи.

Новата победа на Рома, за Жозе Мурињо значеше 41 натпревар едно по друго во калчото без пораз на домашен терен, секако во оваа серија се и резултатите на Интер од 2008 до 2010 година.

Мурињо се израмни со досегашниот рекордер Масимилијано Алегри, тој во периодот од септември 2015 до септември 2017 година запиша иста ваква бројка на натпревари без пораз на домашен терен, но Португалецот на 3 октомври против Емполи на „Олимпико“ има шанса да го надмине овој рекорд.