Португалецот Жозе Мурињо не ја прифати понудата да го превземе францускиот гигант Лион. Според француските медиуми претседателот на Лион Жан Мишел го контактирал португалецот, но трофејниот тренер барал екипа која има поголеми амбиции.

Мурињо е без ангажман скоро една година, откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, а во изминатиот период имаше понуди да ги води Бенфика и Селтик кои исто така ги одбил. Лион е во потрага по тренер, откако пред неколку дена беше отпуштен бразилецот Силвињо, а главен кандидат да го превземе неговото место е поранешниот селектор на Франција, Лоран Блан.

Лион по 7 кола во Француското првенство се наоѓа на 14 место и само поради подобрата гол разлика не се наоѓа во опасната зона.