Жозе Мурињо треба да ја спасува сезоната на Тотенхем кој е во долниот дел од табелата во Премиерлигата.

Португалецот е вториот најскапо платен тренер во Англија со 15 милиони фунти доби екстра мотивација од 2 милиони фунти доколку Тотенхем биде во топ 4 на табелата на крајот од сезоната во Премиерлигата.

Доколку успее во тоа, покрај значителните финасиски средства, Мурињо ќе испише и историја во Англија бидејќи ниту еден тим во Премиерлигата во оваа фаза од шампионатот со 14. место на табелата по 12 одиграни натпревар на крајот не завршил во топ 4.