Заминувањето на Рафа Бенитез од кормилото на Њукалс е главна вест денеска во Англија. Шпанецот ја прифати понудата од Кина по што островските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со името кое ќе седне на менаџерското столче на премиерлигашот.

Жозе Мурињо ги остварил првите преговори со најавените нови споственици. Ако шеикот Зајед Ал Нехајан го купи управивачкиот пакет на Њукасл и овозможни сериозен буџет за нови трансфери, Мурињо ќе прифати тригодишна соработка и со тоа и официјално ќе се врати во Премиерлигата по отказот од Манчестер Јунајтед.

Покрај Мурињо како можни наследници на Бенитез се споменуваат: Микел Артета, Алан Пердју и Арсен Венгер.