Медиумите од Шпанија јавуваат дека Жозе Мурињо е во завршни преговори со Реал Мадрид, се чека уште една грешка на Зинедин Зидан за дојде до смена на клупата на „кралевите“

Зидан со Реал Мадрид беше поразен од Мајорка со 1-0, тоа повторно ги активира раководните лица во Мадрид да размислуваат за смена на Французинот.

Португалецот неколку пати беше прврзуван со Реал Мадрид изминативе месеци, сепак шанса му се даде на Зидан да ја поправи играта и резултатите.

Мурињо беше дел од Реал Мадрид  од 2010 до 2013 година, освои една титула во Шпанија, запиша 128 победи на 178 натпревари, го освои Купот на Кралот во 2011 година.