Управата на Тотенхем ја доставило првата понуда до Реал Мадрид за евентуално купување на шпанскиот крилен напаѓач, Лукас Васкез.

Васкез оваа сезона одигра само 14 натпревари за Реал Мадрид и најчесто влегуваше од клупата за резерви. Минатото лето се поврзуваше со заминување од Мадрид но одлучи да остане.

Мурињо добро го познава Васкез од времето кога беше во Мадрид од 2010 до 2013 година.

Мундо Депортиво тврди дека Тотенхем испратил понуда од 17 милиони евра но „Кралевите“ бараат 25 милиони евра.