Жозе Мурињо непланирано кратко се задржа во Тотенхем, му пресудија резултатите, но тој и кога е во лоша ситуација е во фокусот, сега медиумите од Германија го селат во Баерн Минхен.

Медиумите, или оние блиските на шампионот на Германија, сугерираат дека Баерн Минхен треба да тргне по Мурињо, Ханси Флик си заминува од редовите на шампионот, а замената би можела да дојде од Англија.

Име кое е заедничко за Тотенхем и Баерн Минхене секако Јулијан Нагелсман, актуелниот предводник Лајпциг е прв избор на германскиот првак, но дали ќе дојде до договор зависи и од Тотенхем, клубот од Англија има желба да го донесе во Премиерлигата.