Тотенхем вечерва му гостува на Лајпциг во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Лајпциг победи во Лондон со 1-0, има голема предност пред реваншот, Тотенхем има неколку повредени играчи, потребни му се голови за победа.

Жозе Мурињо на официјалната прес конференција изјави дека има разни начини да се постигне гол, еден од нив е и автогол на противникот.

„Сме губеле со 1-0 на полувреме, со истиот резултат губевме и пред два дена, тоа ни се случува неколку пати сезонава. Ме прашавте како да постигнеме два гола без Кејн, Сон, Бергвијн…Има многу начини, еден од нив е Лајпциг сам да си постигне гол“ – изјави Мурињо.