Емотивна реакција на Жозе Муруњо повод смртта на Диего Армандо Марадона.Португалецот изјави дека Марадона бил едно, Диего сосема друго, Аргентинецот беше извонреден фудбалер, но поинаков како пријател и приватно.

.

“Марадона беше сè што можеше да се види во јавноста од фудбалот,  Диего беше поинаков и имаше навистина огромно срце. Можам да кажам дека тој беше мој пријател. Кога ни недостасува Марадона, можеме да гугламе и да се сетиме на неговите фудалски магии, но  Диего најмногу ќе ми недостига. Денес во соблекувалната им раскажав на момчињата приказни за него и моментите што ги поминавме. Ќе ми недостигаат повиците кои секогаш доаѓаа, најмногу по порази и никогаш по победи. Тој знаеше дека по победи не ми треба повик, но по тешки моменти и порази тој секогаш беше тука за мене, тој секогаш ми велеше: “Не заборавај дека си најдобриот на светот”, најмногу ќе ми недостасува, тој Диего, рече Муруњо.