Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо за прв пат по подолг период летото го минува без работа и без никакви обврски.

Португалецот се уште нема клуб кој ќе го води во иднина, а во интервју за „Скај Спорт“ потврди дека веќе одбил неколку понуди и призна дека ја чека вистинската шанса која ќе ја зграби со двете раце.

” Ова всушност е прв пат да имам време да размислувам. Јас сум за прв пат во Сетубал на крајот на јули и на почетокот на август по 20 години. Имам време да размислам и да анализирам, а она што го чувствувам во моментов е дека сум полн со оган. Пријателите ми кажуваат да уживам во тоа што никогаш сум го немал во јули и август. Искрено, не можам да ужива, не сум доволно среќен за да уживам. Ми недостасува фудбалот, во мене гори оган и сакам да се вратам “ истакна Мурињо во ексклузивното интервју за „Скај Спорт“.