Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Рома 1:0 (1:0), во натпреварот од осмото коло во италијанската Серија А.

Јувентус на тој начин стигна до четвртата победа, па сега се искачи на седмото место. Рома останува на четвртото место по овој пораз.

Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо смета победил тимот кој не заслужил да победи, пеналот кој не го искорсти Верето, не сака да го коментира.

„Можам само да кажам дека мојата  Рома беше одлична. Играчите покажаа храброст, доверба, верба. Видов дека тимот што заслужи да победи загуби, но таков е  фудбалот. Не сакам да го коментирам моментот со пеналот“ – изјави Мурињо.