Тотенхем загуби од Норич на средбата од осминафиналето од ФА Купот. Загуби по серија пенали, откако во регуларниот дел беше 1:1, а во продолженијата немаше голови.

Интересно, Мурињо воопшто нема среќа на натпреварите кои се решаваат со пенал-рулетот. Тој загуби 8 од можните 9 средби, на кои победникот се доби по серија на пенали.

Петпати тоа му се случи со Челзи, а по еднаш со Тотенхем, Реал и со Манчестер Јунајтед. Единствениот пат кога средбата по пенали ја доби тој се случи во 2008 година, кога со Интер ја совлада Рома во Суперкупот на Италија.