Ајакс, кој а почетокот на вториот дел од реванш натпреварот на свој терен имаше вкупни 3:0 против Тотенхем и беше сигурен финалист, до последниот судиски свиреж успеа да го направи неверојатното – да прокоцка таква капитална предност и финалето да им го препушти на „спарс“.

Жозе Мурињо, стручен коментатор на beIN Sports, пред натпреварот рече дека Ајакс може да се победи ако се игра на сила и физичка издржливост. И Тотенхем го „послуша“.

Обожаваниот Ајакс немаше одговор на таквата игра и се обидуваше со она што поминува против послаби противници. Мурињо вака го срочи тоа:

„За да победите во оние посебни, најголеми натпревари, понекогаш треба да одите спротивно на вашата философија. Ајакс во второто полувреме против Тотенхем играше небаре од другата страна се Витесе од холандска лига!“

Мурињо беше непопустлив и кон тренерот на Ајакс, до вчера исто така славениот Ерик Тен Хаг. Него го обвинува за тоа што Ајакс не успеал да се прилагоди на тактиката на Тотенхем и тоа го чинело финалето на ЛШ.

„Ние тренерите имаме три вида на натпревари: на едни воопшто не играме, на други играме многу лошо и на третите играме многу добро. На Ајакс во второто полувреме му требаше тренер кој ќе игра многу добро, а тој играше како неговите играчи. Не баш најдобро.“