Жозе Мурињо се врати во Италија по 11 години и ќе ја води Рома следната сезона. Посета на една емисија, португалскиот тренер ја искористи за дебата околу спортовите , при што напомена дека ги сака скоро сите спортови, освен еден што не го разбира.

“Целосно сум преокупиран со спортот. Ги сакам Олимписките игри, зависен сум од Формула 1, од тенисот, но има еден спорт што воопшто не го разбирам”, рече Мурињо откривајќи за кој спорт станува збор.

“Крикет. Додека работев за Боби Робсон, немаше начин да разберам зошто тој беше толку опседнат со спортот. Сè уште не ја разбирам опсесијата со спортот денес”.

Мурињо соработуваше со легендарниот Робсон во Спортинг, Порто и Барселона.