Жозе Мурињо  во моментов е без ангажман, тој ужива да гледа тенис, Вимблдон му  е најомилен турнир, неофицјалното светско првенство започнува на 1 јули.

Мурињо е голем навивач на Енди Мареј кој се мачи со повреди, тенисерот од Британија сепак се пријави за годинашново издание на овој престижен турнир, но ќе игра во двојки.

Мареј својот прв Вимблдон го освои во 2013 година, Мурињо вели дека бил многу возбуден тогаш и дека плачел од среќа за титулата која ја освои Енди.

„Плачев од среќа кога Енди го освои Вимблдон, знам што за тенисерите значи да победиш на овој турнир, и на останатите големи трунири, тоа е исто кога ние ќе победиме во Лигата на  шампионите“ – изјави поранешниот менаџер на Реал, Интер, Челзи и Јунајтед.

Вилмблдон годинава започнува на 1 јули, конечно и со коментар на македонски јазик, 1ТВ ги откупи правата и ќе врши директни преноси .