Жозе Мурињо емотивно говореше за поразот на Рома во мечот против Јувентус, каде играчите на римскиот клуб според него покажале одлична игра.

„Се надевам дека некој од Јувентус ќе собере храброст и ќе каже дека бевме многу подобри во овој меч. Често сум играл на овој стадион и незаслужено сум победувал. Сега апсолутно заслуживме да победиме, а изгубивме“– изјави Мурињо.

Играчите на Рома се посебно огорчени на судијата Даниеле Орсато, поради тоа што не им призна гол на нивниот тим, туку досуди пенал, кој не го претвори во погодок Верету.

„Не сум ја видел снимката што се случуваше, па нема да коментирам. Меѓутоа, да го оставиме тоа на страна. Ајде да зборуваме за тоа колку добро одиграа моите момци. Семафорот покажува дека сме изгубиле, но јас немам зборови колку сум горд на она што го покажавме на теренот“– изјави Мурињо.