Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо во негов стил го прокоментира поразот кај Бодо во Конференциската лига на УЕФА од 6:1.

Ова за Мурињо беше најубедлив пораз во неговата кариерата како тренер на 1008 меч на кој предводи сениорски тим.

„Јас го одбрав тимот, одговорноста е моја. Сакав да им дадам шанса на ови играчи и да видам како ќе помине тоа, решив да одморам повеќе фудбалери. Изгубиме од тим кој покажа квалитет. Секој пораз боли, разговарав со играчите, бев искрен со нив но не можам да бидам со вас. Имав само 13 играчи кои го преставуваат тимов, другите не се на ова ниво. Се што се случуваше во соблекувалната останува таму. По ова барем нема веќе да ме прашуваат зошто цело време ги бирам истите играчи. “ – вели Мурињо.