Десет дена откако доби отказ од местото тренер на Тотенхен, Жозе Мурињо си пронајде нов ангажман. И овој е врзан со фудбалот, но нема врска со водење тим.

„TalkSPORT“ потврди дека со договор го врзале Мурињо за Европското првенство и тој ќе учествува во емисиите, ќе дава најави и ексклузивни изјави по мечевите.

„Тренерската работа веќе ми недостасува, но за мене ова ќе биде нешто ново и неверојатно“– изјави Мурињо на преставувањето.

Освен оваа работа Мурињо прифатил и уште поврзана со медиумите и Европското првенство. Во текот на турнирот ќе пишува колумни за Сан.