Секогаш контроверзниот, Жозе Мурињо даде објаснување за дербито на „Енфилд“ во кое победи Ливерпул а Гвардила по мешот упати низа критики за не-користењето на ВАР етхнологијата.

„Тимот на Манчестер Сити е многу добар за да плачат цела недела за еден инцидент. Тие треба да се концентрираат на играта и на тоа што можеа да направат подобро. Секогаш кога јас играв против Ливерпул со не така добри тимови се грижев за дистанцата помеѓу четворицата мои дефанзивци и движењето на Фирмињо, Салах и на Мане.“ – изјави Мурињо.

Мурињо сеуште е без работа по отказот од Манчестер Јунајтед а во последно време се поврзува со ангажман во Баерн Минехн и во Арсенал.