Несомнено Мурињо во својата кариера имал многу успеси, но оној против кој имал најмалку успех сигурно е Меси и Барселона.

Португалецот како предводник на Реал Мадрид доживеа голем број на болни порази од каталонскиот гигант, но тие неуспеси Мурињо вели дека го направиле подобар човек и тренер.

„Лео ме направи подобар тренер. Тој никогаш не беше дел од мојот тим, но многу пати сум играл против него. Припремајќи се за натпреварите против него јас станав подобар тренер. Се развивав бидејќи требаше да го спремам мојот тим да се справи со него “- изјави Мурињо.