Гласините околу превземањето на Баерн Минхен од страна на Жозе Мурињо веќе ги нема, а Португалецот се обидува да добие работа во некој клуб од Премиер лигата.

Опција за тоа беше Арсенал кој игра катастрофално под палката на Унаи Емери, но  единствената реална опција е онаа да го превземе Тотенхем доколку замине Мауруцио Покетино. Аргентинецот лошо го предводи тимот на Тотенхем сезонава, па се шпекулира дека по караницата со Дани Леви ќе го напушти клубот.

За услугите на Покетино е заинтересиран  Реал Мадрид, па доколку добие отказ вратата на Мурињо во Тотенхем му е отворена.