Жозе Мурињо нема да има многу пари на располагање за ангажман на нови фудбалери во јануари а можноста да го добие Ибрахимовиќ без клубот да плаќа трансфер ошетата ја разгори јавноста во Англија.

Сепак, новиот тренер на Тотенхем демантираше дека има потреба од Ибрахимовиќ и ја искористи можноста пред новинарите да го воздигне Хари Кејн кој во моментов е прв избор во Тотенхем но и во репрезентацијата на Англија.

„Ибрахимовиќ е неверојатен играч, неверојатен човек но сега би рекол дека нема шанси да го ангажираме. Го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Го имаме еден од најдобрите тројца напаѓачи во светот. Кејн е калибар на Ибрахимовиќ. Знам дека Ибра е во доцните триесети но може да игра во секој клуб во светот, навистина нема поетна да дојде кај нас.“ – изјави Мурињо.