„Римската Волчица“ во следната сезона ќе ја предводи Жозе Мурињо кој веќе ги доставил своите желби до управата на клубот од Рим.

Извесно е дека Рома ова лето ќе се ослободи од Џеко а Мурињо како неговаа замена го бара Икарди од ПСЖ или Белоти од Торино.

Со Рома се поврзува дури и голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, како и креативецот на Лил Ренато Санчез.

Што од ова ќе се оствари зависи и од тоа кои играчи Рома ова лето ќе ги продаде.