Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо говореше во суперлативи за квалитетите на Јужнокореецот Сон Хеунг-мин, наведувајќи дека сака фудбалаерот да го продолжи договорот со лондонскиот премиерлигаш.

Би сакал Сон да го продолжи договорот. Важечкиот договор му истекува за три години, така пто ситуацијата не е алармантна, но би било прекрасно тој да остане тука многу подолго“, изјави Мурињо.

„Се надевам дека и самиот Сон сака да го продолжи престојот во Тотенхем. Сите во клубот го обожуваат и тој заслужува нов договор“, додаде Мурињо.