Многу возбудлив и атрактивен беше натпреварот од 6-то коло во Серија А, римското дерби во кое Лацио ја совлада Рома со 3-2.

По шест одиграни натпревари, Рома има четири победи и два порази, а двата пати Рома падна со исти 2-3. Пред Лацио, тимот предводен од Мурињо беше поразен на овој начин од Верона.

По поразот во римското дерби, Мурињо посочи кој е виновен за капитулацијата на неговиот тим.

„Натпреварот беше фантастичен. И моите играчи беа одлични. Но, такви не беа судијата и ВАР “, рече Мурињо, кој се пожали на несудените картони на играчите на Лацио, како и на неговото мислење дека вториот гол на Лацио не требаше да се признае.

„Наместо 1-1, за нив беше 2-0. Пробавме се. Доминиравме, бевме подобри и постојано го стававме Лацио во неволја. Се разбира, нешто не е добро кога примате три гола, а наше мачење беа нивните контранапади “.

Меѓутоа, на крајот, Мурињо отстапи од темата за обвинување на судиите и ВАР и рече:

„Италијанскиот фудбал постигна огромен напредок. Помина малку од сезоната, и веќе има многу одлични игри зад нас “.