Шпанските медиуми објавија синоќа дека трансферот на Герет Бејл од Реал во Тотенхем е завршена работа, откако биле дефинирани и последните детаљи.

Весникот „Ас“ повикувајќи се на менаџерот на Бејл објави дека преостанува уште официјалното соопштение со кое Реал ќе ја потврди позајмицата на 31 годишниот Велшанец во Тотенхем.

Според најавите, Бејл денеска треба да пристигне во Лондон на медицински прегледи, откако вчера тренираше одвоено од екипата на Зинедин Зидан.

Тотенхем в четврток ќе гостува во Скопје против Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на Европа.