Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно ги нападна своите фудбалери по ремито со Фулам од 1:1 во Премиер лигата.

Португалецот по шестото овосезонско реми, второ на последните два натпревари во Премиер лигата објасни што треба да се промени во иднина во однесувањето кај неговите играчи.

„Имавме три до четири големи шанси во првото полувреме, по кое требаше да имаме поинаков резултат, требаше да го „убиеме“ мечот и да имаме 2:0 предност, но ние примивме гол што беше тотално недозволиво. Морам да признаам дека во вториот дел противникот играше многу подобро и се обидуваше нешто на направи. Ова нас не чинеше поени. Има работи кои се индивидуални, како индивидуални квалитети, така и индивидуални грешки, тоа е многу едноставно.“ – вели Мурињо.

Тотенхем во следното коло ќе му гостува на Шефилд Јунајтед, натпреварот е закажан за в недела.