Фудбалерите на Рома загубија кај Венеција на гости во првиот неделен меч до 12-тото коло на Серија А. Неочекуваниот пораз од 3:2 од една од најслабите екипи во Калчото го разбесни Жозе Мурињо, кој не ги штедеше своите играчи.

Ова беше четврти пораз во последните седум меча. Во таа серија се впишани две ремија и само една победа, и тоа против Каљари, последната екипа во Калчото.

„Направивме многу шанси и полушанси, но фрустрирачки е дека во опасните ситуции не дава добри топки. Тоа го направивме 20-тина пати. Како е можно да направите толку шанси и да не ги реализирате“- се запраша Мурињо.

Рома на овој меч имаше 27 удари кон голот, од кои 10 во рамки на голот.

„Првиот гол го примивме од ситуација која вчера ја вежбавме, а што се однесува до вториот гол, тука би се заштитил и би заджрал за себе што мислам. Не сакам да кажам ни што мислам за тоа што се случи по водството со 2:1 и покрај контролата на мечот која ја иамвме. Она што Ел Шарави го промаши навистина е тешко да се примаши. Ќе кажам само дека беше важен момент во мечот. Толку.“