Тренерот на Рома Жозе Мурињо во голем проблем пред дерби мечот од осмото коло на Калчото против Јувентус.

Имено, тој најверојатно нема да може да смета на напаѓачот Тами Абрахам, објавува Калчомеркато.

Според италијанскиот весник, 24-годишниот Англичанец нема да има време да закрепне за натпреварот поради повреда на мускулот заработена на вчерашниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2022 против Унгарија (1:1).

Сезонава Абрахам одигра 10 натпревари за Рома, постигна четири гола и креира две асистенции.

Натпреварот Јувентус – Рома ќе се одигра на 17 октомври со почеток во 20:45 часот.