Жозе Мурињо и Тотенхем се повтроно на врвот во Премиер лигата, по нерешените 0:0 на гости кај Челзи се вратија на првата позиција на табелата, ист број на бодови има и Ливерпул.

Тотенхем има 21 бод, исто колку и Ливерпул, Челзисо два бода помалку е на третото место.

Жозе Мурињово негов стил ја коментира состојбата на табелата, трката за титулата во Премиер лигата ќе биде возбудлива.

„Ние не сме во таа трка за титула, затоа што во таа конкуренција ние сме како едно пони конњче. Челзи се веројатно најголемите фаворити за тронот, не се сомневам во тоа “ – изјави Мурињо.