Жозе Мурињо говореше за третото коло во Конференциската лига каде го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Бодо Глимт со 6:1 ја победи Рома на Мурињо.

„Јас сум единствен кривец за тој пораз. Јас. Не е Жозе Мурињо шу*ак. Имам голема почит кон сопствениците на клубот и управата. Се пишуваат лаги дека не ги почитувам сопствениците кои вложиле големи пари во овој клуб. Да се играше малку подолго би примиле седум или осум гола. Јас сум виновен“– изјави Мурињо на прес пред дербито со Наполи.

„Јас одлучив со кој тим ќе играм, јас го одбрав тимот кој имаше голема шанса да го загуби мечот. Не мислев на резултатот, мислев на здравјето на своите играчи поради пренатрупаниот распоред. Направив грешка. Секако е подобро да загубите еден меч со 6:1, отколку шест со 1:0“- порача Португалецот.

А и се дообјаснуваше.

„Вештачката трева во Норвешка не исплаши, а Рома има најголем број повредени играчи од сите клубови кои ги имам тренирано. Кога ги поврзав тие две работи, заклучив дека треба да одморам некои играчи. Не бев во право и испишав негативна историја на клубот.“