Жозе Мурињо во летниот преоден рок ќе се обиде да направи целосна реконструкција во одбраната, а прв на мета за такво нешто на Португалецот му е Крис Смолинг, кој настапува за Рома како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.

Мурињо соработуваше со Смолинг во Манчестер Јунајтед, а сезонава Англичанецот игра во животна форма во Рома и е еден од најспосакуваните дефанзивци во Европа.

Оле Гунар неодамна изјави дека нема намера да се откаже од услугите на Смолинг и планира да го врати на „Олд Трафорд“ за наредната сезона.