Англискиит фудбал загуби уште една фудбалска битка со Германија, откако 17 годишниот талентиран играч на Баерн Минхен, Џамал Мусиала решил да игра за германската сениорска репрезентација.

Мусиала вчеравечер постигна гол во победата на Баерн Минхен кај Лацио од 4:1 и стана најмладиот  Англичанец кој реализирал во натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА.


Мусиала неодамна добил покана од Англија но и од Германија за настап во националниот состав и според последните инфрмации, тој решил да ја прифати понудата од земјата каде што во моментов и игра и покрај големио број на настапи во младинските селекции на „Гордиот Албион“.

Лев успеал да го убеди Муисала дека тој ќе добие место во почетниот тим на Германија на следното Европско првенство. Муисала е роден во Германија, татко му е Никегиец со англиски пасош а мајка му Германка.