Висар Муслиу нема да настапи пртив Австрија во Виена, дефанзивецот на македонската репрезерентација поради суспензија од жолти картони не е во комбинација за оваа средба.

Дефанзивецот верува дека колегите од националниот тим ке дадат се од себе да дојдат до поволен резултат.

„Имам доверба во соиграчите, верувам дека ќе играме храбро и можеме да изненадиме, Австрија е фаворит, ние само со максимална игра како и секогаш за репрезентацијата се надевам дека ке одиграме добро“ – изјави Муслиу.

Муслиу ќе биде на располагање на селекторот Ангеловски за средбата со Израел во Скопје.