Македонија во четврток против Словенија на арената „Тодор Проески“ ја очекува најважниот меч од квалификациите за ЕП во 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски ќе се обидат да ја потврдат добрата форма и игра од мечевите против Израел и Летонија, а македонскиот дефанзивец Висар Муслиу изјави дека тие натпревари се мотив плус за мечот со Словенија.

„Имаме самодоврба по претходните два меча, но тие резултати за да ги потврдиме треба да ја победиме Словенија. Мора да одиграме тимски за да стигнеме до зацртаната цел, а тоа е пласман на ЕП 2020.“ – вели Муслиу.

Македонија во моментот се наоѓа на 4 позиција во групата Г со осум бода исто колку што има и Израел.