Новиот репрезентативец на Македонија, Даниел Мусовски беше човекот на одлука за Лос Анџелес во победата над ЛА Галаски од 2:0 во големото дерби во МЛС лигата.

Напаѓачот кој е со потекло од Македонија а роден во САД неодамна прифати да игра за нашата репрезентацијата а со голот во синоќешното дерби на ЛА дополнително го привлече вниманието.

„Секогаш е убаво кога ќе постигнете гол во дерби натпревар. Знаевме дека навивачите многу сакаа да го добиеме овој натпревар, да се даде гол и да се победи во ова дерби е прекрасно чувство.“ – изјави Мусовски.

Младиот 24 годишен напаѓач беше прогласен за играч на натпреварот.