Владата на Италија може во вторник да го стопира италијанското фудбалско првенство.

Министерот за спорт на Италија, Спадафора, веќе не сака да го ризикува здравјето на луѓето, а една од мерките за стопирање на епидемијата на коронавирусот, која веќе однесе 300 човечки животи, е стоп на Серија А.

„Не се сложувам со решението на Серија А да го продолжат натпреварувањето. Вонредната состојба нема да заврши за неколку дена. Знам дека ќе има последици за првенството, но фудбалот ќе се врати уште подобар, кога ќе заврши оваа криза“, изјави италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, за сајтот на новинарот Џанлука ди Марцио.

Министерот додаде дека конечното решение ќе биде донесено во вторник, на 10 март.