Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Хозе Луиз Браун кој со „гаучосите“ го освои Светското првенство во 1986 година, почина на 62 години.

Браун го постигна првиот гол во финалето против Сојузна Република Германија, тоа во неговата кариерара беше единствениот гол во националниот дрес.

Соиграчот на Марадона и подоцна куќен пријател, го одигра сите минути на Мундијалот во 1986 година. Ќе остане запаметен по неговата одлука со повредена рака да го доигра финалето.

Последен поздрав до Браун испрати и Марадона преку неговиот Инстаграм профил.