Се ближи изборно собрание во највлијателната, најуспешната, најбогатата спортска федерација, ФФМ е повторно во фокусот на вниманието, кај власта, кај лицата кои „се знаат“ опозицијата во македонскиот фудбал, а немаат резултати на увид, но важно е да се нападне сега, работата е повторно, сега или никогаш, по којзнае кој пат со само навидум спортски или подиректно „законски неправилности“ во работата на „Куќата на фудбалот“ …

ФФМ ги живее моментите на успех, најголем и историски, претседателот Муамед Сејдини со посветена работа, трпеливо заедно со сите во „Куќата на фудбалот“ изгради резултати, создаде услови за успех на репрезентацијата, им се допаѓало тоа или не на некои „загрижени“ структури од дејноста спорт.

На новиот директор од Агенцијата за млади спорт, како и неговиот претходник, им текнува на ФФМ само за време на избори, или кога тие треба да бидат во изборна година, повторно АМС објасни дека поради наводното непочитување на законот за спорт од страна на ФФМ, оваа федерација работи „неправилно“ и спротивно на Законот за спорт.

Се разбира, реагираше ФФМ, настрана историскиот успех на ова раководство на „Куќата на фудбалот“, наивно би било некој да верува дека незаконски ќе работат, одговорот на обвинувањата можете да го прочитате во целост ОВДЕ.

Сејдини даде одговор на обвинувањата, со документи, без шпекулации, чисто и отворено, пред новинарите, пред целата македонска јавност, кој има законски проблем, нека си погледне во својот двор, и да го решава таму каде му е местото, во институциите.

„За ваквиот начин на постапување се известени УЕФА и ФИФА, кои го следат овој случај од моментот кога се вршеше инспекцискиот надзор. Известени се за сите одлуки и начинот на кои се носени тие одлуки. Не дај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување може да донесе „квантен скок“ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации. Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија. На крајот, Ве уверувам дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме“ – потенцираше Сејдини.

Станува јасно дека борбата за ФФМ се води со притисок, надворешен и навидум законски, фудбалската федерација јасно даде до знаење, ДА за почитувањето на правилата, ама за сите, и за тие што вршат притисок, и согласно Статутот на федерацијата, а тој е јасен и усогласен со УЕФА и ФИФА.

Секако треба да се напомни дека со политички притисок ќе загубат сите, најмногу ФММ и репрезентацијата, јасна е УЕФА и ФИФА, мешање на политиката во фудбалот не е дозволено, тоа може да значи и суспензија на Македонија од ЕУРО, а тоа веројатно не го сакаат во АМС.

Затоа најдобро е да престанат медиумските притисоци со соопштенија од највисокото спортско тело-АМС, сега е време да се подготвуваме за ЕУРО, со обединувачка сила, која и не донесе на континеталниот шампионат.