Марио Балотели по завршувањето на сезоната во калчото се сели во Бразил, има понуди од три клуба кои го гледаат како големо засилување.

Мино Рајола е менаџер на Балотели и според информациите на Газета дело Спорт, Ботафого, Фламенго и Васко да Гама се во преговори за поранешниот репрезентативец на Италија.

Бреша нема интерес да го задржи, Балотели во август ќе полни 30 години, неговиот темперамент е познат, тоа практично му ја уништи кариерата, сега сака да се проба во Бразил.