Барселона изминатиот период остана без двете удрани „игли“ во нападот, Дембеле и Суарез за кои сезоната е завршена.

„Каталонците“ во зимскиот преоден рок не успеаа да доведат некое звучно име, но имаат можност во следните две седмици да доведат засилување. Тие сега се насочуваат кон фудбалери од вториот ешалон на екипи од Ла лига.

Имено, раководството ги „мерка“ Анхел Родгиргез од Хетафе, Лукас Перез од Алавес, Роџер Марти од Леванте и Мартин Брајтвајт од Леганес. Овие фудбалери би требало да служат како засилувања во борбата за титулата во Ла лига, но тие нема да имаат право на настап во Лигата на шампиони.

Барселона во моменто во офанзивниот дел остана само со Меси, Гризман и младата шпанска надеж Фати.