Младата фудбалска репрезентација на Србија со пораз ги стартуваше настапите на Европското првенство за фудбалери до 20 години кое започна вчера и се игра во Италија.
Иако нашиот северен сосед беше фаворит на хартија, не ги оправда очекувањата и на премиерниот меч загуби со 2-0 од Австрија.
Најпрво во 38. минута водство од 1-0 донесе Волф, додека во самиот финиш Хорват ги постави конечните 2-0 за Австриците.
Во второто коло Србите ќе играат против Германија, додека Австрија ќе се сретне со Данска.
Be the first to write a comment.